Три лица се прегазени во две одделни сообраќајни несреќи кои во период од пет минути се случиле на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.
-Во 21.55 часот патничко моторно возило „Тојота“ со скопски регистерски таблици, управувано од Н.Л., удрило во пешаците С.Ѓ. (24) и М.П.(25). Од ударот С.Ѓ се здобила со телесни повреди и укажана и е помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“, по што е пуштена на домашно лекување. М.П. е пренесена во Ургентен центар, каде и е укажана помош и е пуштена на домашно лекување, информираат вечерва од МВР.
На истиот булевар во 22 часот патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.З. (30) од Скопје удрило во пешакот Т.Г. (45) од Скопје. Т.Г. е пренесена во ГОБ „8 септември“.