Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари не може да се разрешува и именува директори на општинските училишта, соопшти Министерската за образование Рената Дескоска, на собраниската седница за пратенички прашања.
Надлежностите му се одземени во период од девет месеци. Како причина се наведува тоа што Таравари разрешувал и именувал директори надвор од законската постапка. Се поништуваат одлуките донесени од страна на градоначалникот што, исто така, не биле спроведени.
Од дописот добиен од страна на Државната просветна инспекција со укажувањето за сите нерегуларности што се направени во постапката за разрешување на директори и за именување на директори што се надвор од постапка, предлогот што го добивме и единствената законска можност која ни беше на располагање за да се вопостави владеење на правото и почитување на Законот за основно образование и средно, беше одземањето на надлежностите во делот за разрешување на именување и тоа одземање ќе биде на сила девет месеци, појасни министерката за образование и наука.