Состојбата во Европа е лоша, а ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтирање- вака ја оцени ситуацијата во регионот рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров кој е во посета на Белград. Изјави дека Русија го поддржува независниот курс на Србија.

Вториот ден од посетата на Белград, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров имаше средба со српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ. На пресс конференција тој состојбата во Европа ја оцени како лоша, а за регионот и ширењето на НАТО кон Македонија го оцени како конфротирачки.

„Состојбата во Европа за жал не е здрава, поради обидите на одредени членки на НАТО и на ЕУ да ја зголемуваат конфротацијата со ширењето на Северноатланскиот сојуз се повеќе на исток. Притоа, не се зема во предвид мислењето на граѓаните од одредени земји, како што беше случај во Црна Гора и како што сега се обидуваат да спроведат во Македонија, па и во БиХ“, изјави шефот на руската дипломатија, Лавров.

Лавров изјави дека Русија го подржува независниот курс на Србија, со која имаме големо поистоветување во ставовите околу меѓународните прашања.

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ се заблогадари на помошта што Русија ја дава за решавањето на Косовското прашање, при што се осврна на изјавата на Хашим Тачи „дека ќе биде од голема помош доколку Русија ја признае независноста на Косово, со што би се прекинала митолаогијата кај србите“-

„Јас мислам дека е пологично кога САД и Голема Британија би го повлекле признавањето на Косово, со што би се влијаело кон намалување на Големоалбанската хистерија која владее во регионот, бидејќи видовте пред неколку дена како јавно за ова говорат одредени албански политичари.Тоа е најголемата закан за мирот и стабилноста во регионот“, рече министерот за надворешни на Србија, Дачиќ.

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин, со што заврши неговата дводневна посета на Србија.

Вчера Сергеј Лавров по средбата со Александар Вучиќ ја спомена и Македонија кога изјави дека ЕУ е пасивна околу големоалбанските идеи и дека со тоа се крши Охридскиот рамковен договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2018 22:00