По повод 74-годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу, делегација на Советот на Град Скопје денеска положи цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу.

Делегацијата составена од Претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева, Ирена Попова и Александра Јовановска, како што информираат од Град Скопје, оддаде почит на ликот и делото на народниот херој.

Цвеќе, на спомен – плочата на Кузман Јосифовски-Питу, положија и делегации од општина Карпош, од Сојузот на борци на Македонија од општина Карпош и Град Скопје, како и претставници од основните училишта во општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2018 22:04