Низ различни проекти, младите треба да се стекнат со вештини за да се вклучат во креирање на локалните политики, со што ќе се намали миграцијата од село во град. Четири организации ќе го спроведуваат пилот проектот „Младите од руралните средини, за интеграција на Македонија во Европската унија“...
Македонија е земја со неискористени рурални капацитети. Европската унија преку проект ќе се обиде да ги задржи младите во селата. Имаат за цел градење на капацитетите за да станат фактор во креирањето на локалните политики.
Проектот се фокусира на источниот и југоисточниот плански регион во Македонија, каде што младите ќе се анимираат да ги зајакнат капацитетите за активизам и градење кариера.
Игор Стаиќ од Националната мрежа за рурален развој на Србија рече дека во проектот ќе донесат дел од нивното големо искуство со успешни примери на работа со младите.
Проектот ќе трае 18 месеци и треба да финишира во јуни 2019-та година.