Проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце во должина од 13 километри е завршен и во моментов е на ревизија, информираше вицепремиерот Кочо Анѓушев. Според него, оваа делница која што ги поврзува Македонија и Косово ќе биде главен приоритет во наредниот период и ќе работат на обезбедување на финансиска конструкција за да почне изградбата.
„63 милиони евра е неговата вредност и тоа е една од инфраструктурните и приоритетни проекти на Владата, бидејќи со Косово, Македонија има значителна трговска размена и срамота е во 21 век дистанца од 90 километри да ја возите два часа. На косовска страна знаеме дека властите и институциите се при крај со автопатот. Македонија ќе биде посветена да таа делница од 13 километри да се направи што побрзо. Немаше техничка документација. Техничката документација е веќе завршена. Ревизијата е во тек и парите ќе бидат одредени и детерминирани како приоритет“, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер на Владата.