Денес во 14:00 часот, во х. Бистра, Маврово, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ќе го затвори 55 - от „Мавровски меморијал“.

„Мавровскиот меморијал“ се одржува во чест на загинатите 38 градители на хидро системот „Маврово“ и 18 спасувачи, во снежна лавина во 1956 година.

Овој скијачки куп во нордиско трчање се одржува по 55 пат и се вбројува меѓу најстарите и најважните во Европа. На него се натпреваруваат репрезентации од земјите од регионот и од Европа.

Министерството за одбрана на Република Македонија оваа година е покровител на 55-от „Мавровски меморијал“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2018 02:33