Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа денеска го организираат првиот годишен форум на градоначалници по повод отворањето на повикот за аплицирање за волонтер во 2018 година.
Во Сити хол најавено е дека ќе присуствуваат градоначалници и претставници на општини, американскиот амбасадор Џес Бејли, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, директорот на Мировниот корпус Марк Ханафин и вработени и волонтери на Мировниот корпус.
На Министерството за локална самоуправа ќе му биде доделена специјална награда во знак на успешна соработка со Мировниот корпус.
Сите заинтересирани основни и средни јавни училишта, општини и невладини и граѓански организации се охрабруваат да аплицираат за волонтер на Мировниот корпус. Следната група на волонтери ќе пристигне во септември 2018 година и ќе вклучува наставници по англиски јазик, дефектолози и специјалисти за развој на заедницата. Крајниот рок за пријавување е 27 април.
Повеќе од 20 години волонтерите на Мировниот корпус предаваат заедно со наставниците, работат со локалните невладини организации и членови на заедницата и соработуваат со општините и другите јавни институции. Волонтерите делат широк спектар на знаења и вештини за менаџмент, консултантски услуги, информатичка технологија, управување со отпад…