Турската армија и нејзините сојузници меѓу сириските бунтовници до вечерва ќе преземат целосна контрола врз градот Африн во северозападна Сирија, изјави денеска претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган, во обраќање пред членовите на локланмата администарција во Анкара, нагласи и дека е воспоставен специјален коридор за евакуција на цивилното население од Африн.

Најавата на Ердоган следи откако вчера турската армија соопшти дека нејзините сили и нивните сојузници од бунтовничката Сириска слободна армија целосно го опколиле Африн.

Хуманитарни организации информираа дека последниве денови е регистиран зголемен прилив на бегалци од Африн кон селата Нобул и Захра, кои се под контола на сириските владини сили. Според истите извори, во овие две села пристигнале над 20.000 лица.

Во меѓу време, сириските власти соопштија дека турски авиони денеска нападнале пункт на провладина шиитска милитантна група меѓу Нобул и Захра. Според истиот, извор при нападот се ранети две лица.

Сирискиот центар за мониторнг на човековите права пак соопшти дека при денешните воздушни нападио на турските сили во реонот на АФрин загинале десетмина припадници на сириските провладини сили.

Сириските државни медиуми јавија дека при напади на турски авиони врз села населани со Курди во реопнот на Африн, загинале деветмина цивили.

Турската армија заедно со сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари почна воена оперцијата против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн. Цел на операцијата, нарчена „Маслиново гранче“, според Анкара е потиснување на борците на Силите за заштита на народот од реоните долж сириската граница кон Турција.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Според сириски владини извори, од почетокот на турската оепрација во Африн загинале 222 лица, а над 700 се ранети.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2018 23:12