Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата завршува денеска, 15-ти март 2018 година, потсетуваат од Авто мото сојузот на Македонија.

Обврската произлегува од член 404 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој предвидува дека моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2018 13:17