Советот на општина Гостивар по неколку одложувања, го изгласа буџетот за 2018 во продолжението на третата седница, со поддршка од мнозинството на членовите.

Со новоизгласаниот буџет се прифатени измените и скратувањата на ставки за времени вработувања и трошоци.

Градоначалникот Таравари нагласува дека овие скратувања се побарани од страна на Комисијата за финансирање, но и дека би можеле да предизвикаат финансиски проблеми во функционирањето на некои институции.

Буџетот на општина Гостивар беше доста проблематичен во изминатиот период и ако истиот не беше донесен на денешната седница, постоеја можности за распуштање на Советот и распишување на нови избори за членови на истиот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 14:46