Со блокирање на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп, неколку десетина граѓани и вечерва протестираа поради донесувањето на Законот за двојазичност, за кои тој значи разнебитување на македоснкиот народ.

Некои побараа и спроведување попис на населението за да се утврди и процентот на националностите кои живеат во државава, зашто, велат, и како такви ги уживаат сите човекови права, а правата не се мерат според процентите.

Околу петнаесеттина граѓани во текот на денешниот ден добиле и покани за информативен разговор за утре во прилепската полиција за нарушување на јавниот ред и мир.

Сообраќајот на дел од булеварот во центарот на градот беше блокиран 40-ина минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 23:31