Петнаесетина граѓани вечерва се повикани на разговор во полициска станица за протестите против двојазичноста. Сите се сомничат дека со протестите го нарушиле јавниот ред и мир.

Сепак тоа не ги поколеба прилепчани. Тие и вечерва со блокирање на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп протестираа поради донесувањето на Законот за двојазичност, за кои тој значи разнебитување на македонскиот народ.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 23:40