Во Штип вечерва за првпат се одржа протест против законот за употреба на јазиците и против промената на името на нашата држава.

Граѓаните кои беа дел од протестот побараа претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов да си стои на зборот и да не го потпишува законот.

Над 400 граѓани присуствуваа на вечерашниов протест, кој почна од зградата на општина Штип, а потоа протестантите мирно се движеа по улиците покрај реката Отиња во централното градско подрачје, а протестот заврши кај кружниот тек кај Стопанска банка.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2018 23:49