Амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ денеска се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Најавија побратимување на Кавадарци со Требиње, а таа соработка, како што рекоа, ќе резултира и со економска соработка на двата града.
Побратимувањето ќе започне со поврзување меѓу две големи винарии, „Тиквеш“ од Кавадарци и „Вукоја“ од Требиње.
– Имавме корисна средба и разговаравме за повеќе можни идни заеднички проекти, особено од сферата на винарството, како и заеднички настап на трети пазари, нагласи Бабиќ.
Јанчев информираше дека разговарале за политичката и економската состојба и за меѓусебната соработка помеѓу двете држави. Се со цел, како што нагласи, севкупен економски развој.