Се наоѓаме во исклучително важен период, година во која имаме обврска да ги завршиме клучните инфраструктурни проекти финасирани од ИПА. и да ги пуштиме во функција, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на третиот состанок на ИПА мониторинг комитет за ИПА I и II што денеска се одржа во Скопје.

Тој нагласи дека темпото останува високо и во следната година, кога се очекува да се затворат програмите од ИПА 2007-2013.

Османи ја посочи потребата за засилена имплементација на проектите и програмите, кои се веќе испрограмирани преку ИПА 2014-2020 година и најави конечно сумирање на впечатоците и научените лекции од досегашните предизвици при спроведување на ИПА, како важен инпут во подготовката за новата ИПА после 2020 година.

На состанокот покрај националниот ИПА координатор Османи, присуствуваа и раководителот на одделение во ДГ НЕАР, Дејвид Кулен, претставници од државните институции кои спроведуваат ИПА фондови, на Делегацијата на ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за финансии, како и на секторските работни групи и на донаторите кои се активни во земјата.

Целта на овие состаноци е да се споделат информации за напредокот во спроведување на ИПА во двете финансиски перспективи и да се договорат заклучоци и препораки за подобрување на апсорпциски капацитети за искористување на сите средства алоцирани преку ИПА.

ИПА мониторинг комитетот е воспоставен во 2016 година и се одржува на годишно ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2018 14:07