Двајца припадници на АРМ од тетовската касарна утринава се здобиле со тешки телесни повреди за време на вежбата која што ја имале утринава, додека го чистеле оружјето.

Повредените се донесени во болницата во Тетово со прострелни рани, но поради сериозноста на повредите и по првичната интервенција се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.

Од тетовската болница информираат дека војниците биле со прострелна рана и повреди на екстремитетите.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2018 14:08