Девет сообраќајки се евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје, а во четири од нив со полесни повреди се здобиле осум лица. Во пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Санкционирани се 10 возачи за пречекорување на дозволената брзина, исклучени се од сообраќај осум возачи, осум пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и еден возач почетник.

Исклучени се од сообраќај и 12 возачи, пет технички неисправни и седум нерегистрирани.

Сообраќајната полиција изрекла мерки за непрописно паркирање за 74 возила, а пајакот подигнал 73.

Изречени се санкции за двајца возачи за поминување на црвено светло, по еден за неправилно престигнување и престројување...

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош, со ученици од второ и четврто одделение, во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2018 15:46