Месото увезено изминатите две години од Бразил и Канада за кое, како што објавија некои медиуми, не била платена царина, било здравствено исправно и безбедно за употреба, потврди денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

Станува збор за 1.200 тони замрзнато свинско и говедско месо кое го увезла скопската фирма „Интернационал фуд базар“.

– Увозот е реализиран изминатите две години. Пратките со месо се прегледани на граничните премини. Документите, здравствените потврди и анализите покажаа дека месото е исправно и безбедно за употреба. Се работи само за финансиска злоупотреба кон царината, рече Атанасов, одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на конференцијата „Едно здравје“.

Според АХВ, штетата од неплатената царина за увоз на местото е околу еден милион евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2018 15:39