Се повеќе и повеќе луѓе користат паметни телефони за да бараат содржини на интернет, а тоа за никого не е тајна. Гугл почна да го развива својот прв мобилен индекс за да го олесни овој процес пред повеќе од една година. По серијата долги тестови, компанијата сега е подготвена со финалната верзија на алгоритмот, кој веќе се дистрибуира до потрошувачите. Интеграцијата на оваа функција значи дека пребарувачот сега ќе им даде приоритет на мобилните верзии на интернет-страниците.

Новиот алгоритам ќе ги користи оптимизираните за смртфони верзии на сајтови, за да ги индексира и рангира во резултатите од пребарувањето. Сите овие промени значат дека сопствениците на мобилни уреди ќе ја видат содржината побрзо и порелевантно за паметни телефони кога бараат информации во Гугл, објавија „Енгаџет“. Компанијата не планира да го спои мобилниот индекс со оној, што го користи за пребарувања на десктоп компјутери, туку ќе ги одржува одделени двете бази на податоци.

Следниот пат кога ќе внесете барање за пребарување, ќе ги видите на погорни позиции во резултатите мобилните верзии на веб-страниците, кои ги содржат информациите, што сакате да ги најдете. Гугл веќе нудат неколку карактеристики кои даваат приоритет на веб сајтови оптимизирани за смартфони, но првиот мобилен индекс е најсериозниот нивен чекор во таа насока досега.

Ова решение ќе го подобри квалитетот на содржината во пребарувачот и ќе принуди повеќе сопственици на сајтови да ги оптимизираат за паметни телефони.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2018 19:20