Вардар за учество на фајнлфорот во Келн и одбрана на европската титула ќе мора да го совлада германски Кил, кој денеска по двомечот со ПИК Сегед обезбеди пласман во четвртфиналето во ракометната Лига на шампионите.

Германскиот тим поради подобрата гол разлика оди понатаму иако беше поразен на гостувањето кај ПИК Сегед со 27:28. Кил првата средба од осминафиналето одиграна во Германија ја доби со седум гола разлика (29:22).

Во последниот осминафинален натпревар Киелце повторно го совлада Рајн Некар Левен и силите ќе ги одмери со ПСЖ во четвртфиналето. Останатите двојки се: Фленсбург – Монпеље и Нант – Скјерн.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 00:20