Водостоите на сите реки и природни езера во земјава се над просекот за април, а нивото на Охридското Езеро веќе втор ден е еден сантиметар над критичната точка од 694 метри надморска висина, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивоата на реките, пак, бележат благо зголемување во споредба со вчера со исклучок на Крива Река на мерното место кај Крива Паланка, Црна Река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани, Сатеска кај Ботун и Радика кај Бошков Мост каде има мало намалување на водостоите во однос на вчера.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 08:54