Од издавање под концесии на простор и искористување на минерали, со кои располага општина Дебар, во текот на минатата година во општинскиот буџет се слеале 3.303.000 денари.
Од вкупниот износ 2.503.000 денари се на име искористување на минерали, додека остатите 800 илјади за простор.
Што се однесува до средствата добиени од концесии за искористување минерали, станува збор за гипсена руда, води и камен.
Најголем износ во буџетската каса се слеал од фабриката „Кнауф“ за концесија за експлоатација на гипсена руда и тоа во износ од милион денари.
- Веднаш по „Кнауф“ по износ се „Дебарски Бањи-Цапа“ за искористување на термоминеални води, во износ од 910.00 денари. Од концесија за гипсена руда, од фирмата „Дигипс“ во буџетот се слеани 120 илјади денари. За искористување природна вода од компанијата „Мал Лошињ“ добиени се 100.000 и од компанијата СЛ„Мајминг“ 263 илјади денари. Останатите средства или 100 илјади денари од компанијата „Лика комерц“ за ископ на камен, изјави за МИА Ќазим Ќормемети, раководител на секорот за финансии и буџет при општина Дебар.
Споредено со претходната, инкасираните средства минатата година биле повисоки за над 900 илјади денари.
- Средствата добиени по овој основ, се добредојдени,бидејќи истите се насочуваат во проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните на општината, посочува Ќормемети.
Средствата, вели тој, се добиваат преку Министерството за култура, каде се слеваат сите средства од концесите, а потоа 80 отсто од нив се трансферираат во општинската сметка.