Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри соопшти дека планира на крајот од сезоната да замине од клубот.
Во интервју за британски „Дејли телеграф“ нагласува дека е заситен и дека повеќе нема мотив да работи во Италија и по завршувањето на сезоната планира да се пресели во странство, а најверојатна дестинација ќе биде Англија.
- Сигурно заминувам во странство, со Италија завршив, потенцира Алегри.
Во моментов кружат гласини дека за неговите услуги се заинтересирани лондонските клубови Челзи и Арсенал.
Тој истакна дека со клубскиот фудбал планира да се занимава уште следните пет до шест години, а потоа ќе премине на репрезентативно ниво и ќе работи како селектор.
Јувентус со Алегри освои три титули во низа во Серија А, три Купа на Италија и еден Супер куп.