Доста влажна и нестабилна воздушна маса моментално се наоѓа над сливното подрачје на реката Лепенец, посочуваат најновите синоптички прогнози и согледувањата од радарските слики, соопшти УХМР.

Во наредниот период се очекува брзо зголемување на водостојот на р.Лепенец, како и на сите суводолици во границите на неговиот речен слив.

Од УХМР предупредуваат на внимателноост и претпазливо движење покрај суводолиците и помалите реки во сливот на реката Лепенец каде се можни и спорадични локални излевања во наредниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2018 14:10