Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, жали за неговата одлука побрзо да се врати во игра по повреда на грбот, која ја доби во декември.
Шпанецот успешно ја започна својата кариера на „Стемфорд Бриџ“, со седум погодоци во првите осум натпревари за тимот. - Се беше во ред, пред да се појават проблемите со грбот. Играв со голема болка и ќе беше подобро да запрам, но навистина сакав да играм со моите соиграчи, за клубот и навивачите. Сега тоа е во минатото. Мојата прва година во Челзи можеше да биде подобра, но има уште натпревари и можеме да го освоиме ФА Купот, вели Мората.