Австрискиот канцелар Себастијан Курц повика на обновување на мировните преговори за Сирија, кои се одржаа во Виена во 2015 година, со цел прекин на крвопролевањето во опустошената земја.

- Не е можно воено решение на конфликтот кој веќе донесе огромни страдања на сирискиот народ, истакна Курц во пишана изјава.

Тој додаде дека „по шокантната употреба на хемиско оружје на 7 април и неодамнешната западна воена акција во Сирија, сега на дневен ред е потребата да се работи на мировен процес“.

- Сирискиот народ веќе поднесе премногу страдања, со над 400.000 загинати и над пет милиони бегалци надвор Сирија, подвлече Курц и потсети дека Австрија има долга традиција на дијалог и медијација во решавањето на конфликтите и е подготвена да биде домаќин на преговорите за Сирија во секое време.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2018 08:05