САД ја извести Русија дека за сега нема да воведува нови санкции кон Русија, изјави неуменуван извор од руското Министерство за надворешни работи.

Тој посочи дека Москва е известена преку Амбасадата на Русија во Вашингтон.

Амбасадорката на САД во Обединети нации, Ники Хејли во неделата во интервју за Си-Би-Ес изјави дека САД ќе воведат нови санкции кон руски компании, додавајќи дека деталите за овие мерки дополнитечно во текот на денот ќе ги објави секретарот за финансии Стивен Мнучин.

Но, нови санкции за Русија не беа воведени. Директорот на Националниот економски совет Лоренс Кадлоу синоќа изјави дека Хејли не била информирана дека американската администрација го сменила ставот за нови санкции кон Русија.

„Вашингтон пост“ вчера објави дека изјавата на Хејли предизвикала вознемиреност во Белата куќа, по што претседателот Доналд Трамп веднаш свикал состанок со своите советници за национална безбедност.

Извор од Белата куќа за весникот тврди дека на средбата Трамп изјавил дека е вознемирен од најавата на санкциите, во услови кога се уште не е подготвен за нивно воведување и кога за таквиот план знаеле само мала група луѓе.

Трамп ги оквалификува изјавите на Хејли како „неточни тврдења“ истакнувајќи оти американската амбасадорка во ОН „рагирала брзоплето и направила грешка, што треба да биде избришана“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2018 10:31