Владата на Германија е согласна да прифати уште 10.000 бегалци од Северна Африка и Блискиот Исток, како дел од програмата на Европската унија, изјави денеска еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос.

- Германската Влада повторно е на првата линија на фронот, кога е во прашање меѓународната солидарност, истакна еврокомесарот.

Тој појасни дека други држави од ЕУ се согласиле да прифатат 40.000 бегалци, со што целите на програмата се постигнати и најверојатно ќе бидат натфрлени.

Програмата, најавена минатото лето, има за цел да обезбеди диреткна и безбедна маршрута до Европа на бегалците на кои им е најпотребно засолниште.

До есента 2019 година, најмалку 50 илјади лица, претежно од Северна Африка, би требало да најдат нов дом во ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2018 10:40