Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло.

Нишикори во четвртфиналето го победи Марин Чилиќ со резултат 2:1, по сетови 6:4, 6:7, 6:3.

Јапонецот го доби првиот сет прилично лесно, додека вториот траеше час и половина и заврши по тај бејк во корист на хрватскиот тенисер.

Нишикори се врати во игра во третиот сет по кој славеше победа. Натпреварот траеше вкупно три часа.

Во полуфиналето тој ќе се соочи со победникот од натпреварот Гаске-Зверев.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 21:21