Пласманот на Ф4 турнирот во Келн и одбраната на европската титула стануваат реалност и се поблиску до реализација по победата во Германија, 29-28 против Кил во првиот четврт-финален натпревар од лигата на шампионите. Вардар го оправда фаворитскиот статус осварувајќи ја 55. победа во групната фаза од ЛШ и прв триумф на гости против Кил.
Две третини од натпреварот бевме доминантни, и постојано имавме водство. Потоа малку паднавме во темпото, Кил ги искористи шансите и направи предност од „плус 3" во последните десет минути. Но, тоа не значеше откажување од нашата цел, напротив токму добрата одбрана и концентрацијата на ниво се покажа кога беше најпотребно. Постигнавме два гола во последните 30 секунди, го пронудивме противникот да грешки, а ние тоа да го искористиме.
Лука Циндриќ, Тимур Дибиров и Хорхе Македа ги постигнаа последните три гола за Вардар со кои „црвено-црните" триумфираа во Германија во салата која е „неосвоива тврдина" за многу други екипи.
Натпреварот го почнавме со водство што го задржавме до 45 минута. Во тој период игравме добра одбрана, а во нападот повеќе ја растуравме противничката одбрана со комбинации со пивотмените. Вардар покажа дека не респектира никого, па ниту поранешниот повеќекратен европски првак. Имавме решение за секоја игра на Кил, ги сопревме нивните напади.
И така беше и на почетокот на првите минути од второто полувреме. Потоа некои наши грешки ги искористи домаќинот да се врати во игра, па и да поведе.
Шампионски се однесуваше Вардар и кога имаше негатива од три гола, кога салата во Кил го бодреше својот тим. Имавме игра, мотив и желба да покажеме дека нашата форма оди нагоре и сме подготвени за нов пласман во Келн.
Во последните минути добро го искористивме тоа што Кил имаше исклучен играч, намаливме на еден гол, а потоа Дибиров уште еднаш погоди за израмнување. Кил го имаше последниот напад, но младиот Нилсен погреши а Македа од својата половина ја погоди празната мрежа за победа, 29-28.
Реваншот се игра во недела во Скопје од 17 часот.