Вардар денеска со два гола постигнати во последните 30 секунди го победи Кил со еден гол разлика и со одличен резултат се враќа во Скопје каде идната недела ќе ги одигра одлучувачките 60 минути за фајнл-фор турнирот во Келн.
-Среќни сме за оваа победа бидејќи е многу тешко да се игра тука. Кил има добар тренер и добри играчи, но ние стартувавме многу добро. Одбраната во првото полувреме ни беше речиси перфектна, контранападите ни помогнаа многу. Во второто полувреме имавме малку среќа. Но ова беше само прво полувреме, Кил има квалитет да не победи, изјави Раул Гонзалез на пресот по мечот.
Слично е мислењето и на Жоан Кањељас кој токму од Кил пристигна во Вардар.
-Многу сум среќен со овој успех, завршивме добра работа во првото полувреме. Во второто имавме големи проблеми во нападот и Кил имаше можност да го сврти натпреварот. Но успеавме да останеме во мечот и да победиме. Победивме, но се може да се случи во Скопје. Не сме фаворити иако вечерва победивме“, вели Кањељас.