Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата во регионалната женска ракометна ВРХЛ лига, па средбите во вторник и среда во Подгорица на последниот турнир ќа бидат само формалност.

Вардарки досега имаат седум победи и само едно реми по што ја обезбедија титулата.

Оваа сезона во ВРХЛ се одиграа пет турнири наместо ланските четири, а само Подравка го откажа учеството.

По осум одиграни натпревари Вардар е прв на табелата со 15 бода, пред Будуќност со 8 и Крим со 4 бодови.

Вардар утре игра со Будуќност во 19 часот во, а в среда се среќава со Крим во 17 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 09:06