Ракометарките на Вардар ја продолжија одличната серија и го совладаа Будуќност со 26:27 во претпоследниот натпревар во регионалната женска ракометна ВРХЛ лига.

Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата, а денешниот натпревар и утрешниот против Крим на последниот турнир од регионалното натпреварување во Подгорица се формалност.

Македонските ракометарки имаа предност во текот на целиот натпревар, но во финишот црногорскиот тим успеа опасно да се приближи и да дојде во позиција за израмнување.

Најзаслужна за победата на Вардар е Ина Суслина, која успеа да го одбрани завршниот удар на Будуќност.

Вардарки досега имаат осум победи и само едно реми.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 20:19