Работнички со 1:0 го совлада Вардар во 30. коло од Првата фудбалска лига.

Стрелец на единствениот погодок беше Виктор Ангелов, кој во 56. минута постигна прекрасен гол и му донесе победа и три бода на Работнички.

Академија Пандев и Шкендија одиграа без победник 2:2 во Турново. Стенио Жуниор и Бесарт Ибраими и донесоа водство на Шкендија од 0:2 во воведните 20-тина минути, а Зоран Балдовалиев и Јани Атанасов од пенал беа прецизни за израмнување на Академија Пандев.

Шкупи во Чаир ја совлада Победа со 3:1. Ален Јашароски во 63 минута го постигна првиот гол за домашниот тим, а Емре Чан во 76 го зголеми водството на 2:0. Баже Илијоски го постигна трет погодок за Шкупи, а Победа преку Филип Најдовски во 87 минута ја намали разликата на 3:1.

Пелистер го победи Силекс со 2:1. Во 16 минута Борче Маневски им донесе предност на битолчани, но петнаесет минути подоцна Антонио Бујчевски постигна гол за израмнување. Благојче Коњарски во вториот дел беше прецизен за победа на Пелистер.

Ренова го совлада Скопје со 2:0, а головите ги постигнаа Влатко Стојановски во 71 минута и шест минути подоцна прецизен беше Стефан Костов.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 20:47