Дваесет и осумгодишна кавадарчанка вчера излетала со возило од регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново при што се здобила со тешки повреди.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила вчера околу 7:30 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново кога патничко возило „Форд фиеста“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Д. (28) од Кавадарци излетало надвор од патот.

Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во кавадаречката болница каде и е укажана лекарска помош и била задржана на лекување.

Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица Кавадарци.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 12:16