Екипите на Реал Мадрид и ЦСКА Москва ка комплетираа „четворката“ која ќе игра на завршниот турнир од кошаркарската Евролига, откако синоќа во драматични натпревари беа поуспешни од своите ривали во четвртфиналето.

Реал на домашен терен го совлада Панатинаикос со 89:82 за вкупно 3-1 во серијата. Гостите од Атина се вратија резултатски од големата негатива (22 поени), дојдоа само на минус 3, но немаа сили за целосен пресврт.

Противник на Реал Мадрид во полуфиналето ќе биде рускиот шампион ЦСКА Москва која го победи Химки на гостински терен минимално со 89:88 или вкупно 3-1 во четвртфиналната пресметка. За ЦСКА ова е седмо последователно учество на Ф4 турнирите.

Во другото полуфинале ќе се сретнат Фенербахче и Жалгирис.

Завршниот „Фајнал фор“ турнир ќе се игра во Белград кон крајот на идниот месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2018 16:21