На 27.04.2018 година во 21,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Комаров“ во барака, Ф.К.(30) заедно со неговата сопруга С.Д.(22) физички ги нападнале М.Е.(32) и неговата сопруга М.Д.(29). М.Е., неговата сопруга и нивниот син почнале да бегаат, но Ф.К. и С.Д. ги пристигнале и почнале да ги удираат со тупаници, клоци и дрвена палка.

Била повикана Итна медицинска помош и повредените биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде М.Д. која што била во седми месец на бременост, била прегледана од страна на лекар и била задржана. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 02:04