Две лица се повредени вчера при експлозија на машина во фабриката „Виталија“ во скопската населба Ќерамидница. Кај други две лица е констатиран само стрес.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 10,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Г.С. пријавил дека во населбата Ќерамидница на ул.„516“, во погон на фирмата „Виталија“, настанала експлозија на машина - печка на гас, при што имало повредени лица кои работеле во погонот.

Повредени биле М.М. (49) од Скопје, и Х.М. (33) од Агино Село, Кумановско кои се здобиле со телесни повреди. Кај Н.Н.(42) и В.С.(54) не биле констатирани повреди, туку само бил предизвикан стрес. Повредите се констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје и Државен инспектор за труд.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 15:13