Државниот секретар на САД Мајк Помпео денеска, за време на кратката посета на главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, ја истакна потребата за единство во Заливот.

- Единството на државите во регионот на Заливот е неопходно и ние треба да го постигнеме, изјави Помпео на прес-конференција.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет ги прекинаа врските со Катар во јуни минатата година, обвинувајќи го за поддршка на тероризмот и приближување кон Иран, големиот регионален противник на сунитската Саудиска Арабија.

Доха ги отфрла обвинувањата и тврди дека овие земји имаат за цел да го ограничат суверенитетот на Катар.

Помпео, кој синоќа пристигна во Ријад, денеска имаше средба со саудискиот крал Салман.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 19:49