Папата Франциско денеска ја поздрави „храбрата посветеност“ на лидерите на Северна и Јужна Кореја и нивната цел да „создадат пат за искрен дијалог на Корејскиот полуостров ослободен од нуклеарно оружје“.

Папата во обраќањето до верниците на плоштадот „Свети Петар“ рече дека се „моли за позитивен резултат“ од одржаниот состанок на лидерите на двете кореи.

Тој додаде дека надежта за мир во иднината „нема да биде изневерена“ и дека соработката ќе продолжи за доброто на корејскиот народ и на целиот свет.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг - ун изјави за време на самитот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае - ин дека ќе го затвори теренот за нуклеарни проби во својата земја во мај, пред очите на целиот свет, соопшти денеска кабинетот на Мун.

Севернокорејските државни медиуми за време на самитот одржан во петокот јавија дека Пјонгџанг веднаш ќе ги прекине нуклеарните и ракетните проби, ќе ја затвори локацијата за нуклеарни тестирања и наместо тоа ќе работи на економски развој и мир.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 19:52