Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговоер со јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин истакна дека Русија е подготвена да помогне во соработката меѓу Северна и Јужна Кореја, пред се за трилатералната инфраструктура и енергетските проекти на Корејскиот Полуостров.

- Потврдена е подготвеноста на Русија и понатаму да помага во воспоставувањето на соработка меѓу Северна и Јужна Кореја, се наведува во соопштението на Кремљ.

Мун го запознал Путин со деталите од разговорот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, што го имаше во петокот во Панмунџом. На средбата беше договорено Сеул и Пјонгјанг да работат на „целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“.

- Посебно внимание за време на телефонскиот разговор беше посветено на намерата да се обезбеди ненуклеарен стаус на Корејскиот Полуостров, ветен во Декларацијата од Панмунџом, преку целосна денуклеаризација, се истакнува во соопштението на Кремљ.

Исто така, Путин и Мун наведоа дека ќе ги координираат мерките за развој на меѓукорејската соработка, која треба да придонесе за напредување на регионот кон мир и стабилност.

Во соопштението се посочува дека телефонскиот разговор бил на иницијатива на Сеул.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2018 20:16