Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) соопшти дека болидот на Ферари за сезоната 2018 е целосно регуларен.
Минатата недела стана јасно дека „Скудерија“ ќе бидат под истрага за решение за задното крило. Еден ден претходно, пак, во медиумите се појави информација за чудна рачка со нејасна намена на воланот на Фетел.
Сепак техничкиот делегат на ФИА во Баку, Џо Бауер вели дека тимот не направил ништо лошо и „болидот на Ферари е 100 проценти регуларен“.
Германското издание „Ауто Билд“, пак, побара технички експерт, кој објасни дека рачката е само втор начин да биде активирано квачилото.
Фетел во Баку шеговито одговори на прашањата за предметната рачка дека тој „дури и ја нема видено“.