Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ги одобри измените на правилата, кои ќе донесат уште подинамични трки и поголем број на претекнувања во Формула 1.

Измените ќе почнат да се применуваат од 2019 година и од следната сезона аеродинамиката на болидите ќе биде поедноставена.

Формулите ќе имаат предно крило со поширок распон, поедноставeн систем на предни сопирачки, како и пошироко задно крило, што ќе го направи системот за намалување на отпорот на воздухот заначително поефикасен.

ФИА соопшти дека прифаќањето на правилата е резултат на интензивни истражувања, како и фактот дека мнозинството од Ф1 тимовите дале согласност за нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2018 18:35