Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (KСС) соопшти дека ги поддржува заложбите на Владата за финансиска поддршка за растот на платите во трудоинтензивните фирми, за одржување на спиралата и поттикнување на растот на платите по зголемувањето на минималнта плата.

Владата од Буџетот ќе покрива 30 отсто од растот на бруто платата на 15.000 фирми кои опфаќаат 50.000 работници, што само по себе покажува дека 1/3 се самовработени или сопственици на истите, наведуваат од КСС. Најостро реагираат за правењето дискриминација кон јавниот сектор кој ја прима платата од Буџетот, а од истиот се финансираат приватни фирми, сопственици, самовработени, додека јавниот сектор станува социјална категорија и се поотворено се зборува дека се „неработници”, „непрофесионални” и затоа платите ќе бидат замрзнати, поради тоа ќе имало отпуштања, иако имаат законска обврска за усогласување на платите согласно колективните договори со зголемувањето на минималната плата.

Од КСС ги упатуваат сите одговорни кон извештајот на Прибе и извештајот на Европската комисија. Од КСС ја повикуваат во следниот ребаланс на Буџетот заедно со релевантните социјални партнери да направи усогласување на платите во јавниот сектор, задржување на спиралата, затоа што основната плата на еден државен службеник е 13.100 денари, што, како што наведуваат, покажува на кое ниво е донесена јавната администрација, а со тоа и целата состојба во државата, во делот на социјално економскиот простор.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2018 14:53