Тренерот на Салцбург, Марко Росе изјави дека е подготвен да им прости на судиите поради грешките, поради кои неговите играчи беа елиминирани во Лигата на Европа. - Ми беше кажано дека руските судии се исцрпени во соблекувалната и знаеле дека не ја донесоа вистинската одлука. Ја признаа нивната грешка. Кога некој признава дека згрешил, јас сум подготвен да му простам, изјави Росе за Франс прес. Салцбург беше елиминиран од Олимпик Марсеј со гол во дополнителното време. Францускиот клуб оди во финалето со погодок од корнер, кој не постоеше, пред крајот на второто продолжение. Судиите не забележаа дека по ударот, топката беше одбиена од играчот на Олимпик, а не од Салцбург. Росе додаде дека е горд на својот тим. - Јас сум многу, многу горд. Добро е за клубот дека овие млади играчи стигнаа до ова ниво, изјави тој. Финалето на Лигата на Европа меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид ќе се одигра на 16 мај во Лион.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2018 12:05