Маурицио Сари е подготвен да го напушти Наполи на крајот од сезоната. Причината за ова е тензијата помеѓу него и сопственикот на клубот Аурелио Де Лаурентис, пишуваат медиумите во Италија.

Претходно во текот на неделата во интервју за „Газета дело Спорт“ шефот на Наполи си дозволи да го критикува остро тренерот на тимот. Де Лаурентис дури зборуваше за можните наследници на Сари по крајот на сезоната.

Тренерот на Наполи е следен од голем број на клубови како Челзи, Монако и Борусија Дортмунд. Договорот на Маурицио Сари со Наполи истекува на крајот на следната сезона, но „скромна“ ослободувачка клаузула во договорот, може да биде причина за многу клубови да ја платат. Таа изнесува 8 милиони евра.

Медиумите во Италија тврдат дека варијанти за заменик на Сари во Наполи се имиња како Карло Анчелоти и Антонио Конте, како и тренерот на Сампдорија - Марко Џампаоло.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 21:18