Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не е изненаден од развојот на дуелот со вечниот непријател Реал Мадрид, кој синоќа заврши 2:2 на „Камп Ноу“.

Средбата беше исполнета со многу судири на теренот, како и некои чудни одлуки на судијата. Тренерот рече дека ќе мора да погледне на повторувања на некои ситуации за да има појасна позиција за нив. Инаку тој е среќен со резултатот.

- Имаше многу спорни моменти на натпреварот, треба да ја гледам снимката, за да имам појасна позиција. Црвениот картон на Серхи Роберто беше чудна одлука. Изненаден сум дека тој го удри во лицето. Во сличен натпревар секогаш ќе има тензии. Тие се чувствуваа уште од првата минута, изјави Валверде.

Тренерот на Каталонците сепак е задоволен од резултатот, кој ги задржа шансите на Барса да ја заврши сезоната без пораз.

- Задоволен сум од напорите на целиот тим. Секогаш е тешко да играш со човек помалку, особено против Реал Мадрид. Тие знаат како да ги наоѓаат празните простори во одбрана. Можевме да победиме, но резултатот е добар, додаде Валверде.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 09:16