Шпанецот Рафаел Надал ја задржа водечката позиција на АТП листата со 100 поени повеќе од второпласираниот Швајцарец, Рожер Федерер.

Рафа ќе го брани трофејот од „Мастерс“ турнирот во Мадрид оваа недела, или 1.000 поени освоените минатата година и ако не ја освои титулата, Федерер повторно ќе го преземе водството.

Во првите 10 места имаше само две промени. Григор Димитров и Марин Чилиќ, кој откажа учество во шпанската престолнина, ги заменија местата, па така Бугаринот сега е четврти, а Хрватот петти.

Некогашните број 1 во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј се соодветно на 12-та, односно 39-та позиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 09:51