Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу, изјави дека имал разговори со личниот агент на Антоан Грисман.

Францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид се чини е на чекор од трансфер на „Камп Ноу“.

- Го сретнав еднаш на Балеарските Острови. Не сум разговарал со него оваа година. Зборував со неговиот агент во октомври. Со Сересо (претседателот на Атлетико - н.з.) сме зборувале за многу работи, но не и за тоа, откри шефот на каталонскиот клуб пред „РАК1“.

Во однос на вчерашното „Ел Класико“, шефот на каталонскиот клуб изјави дека натпреварот пружил многу контроверзии и изрази надеж дека во новата сезона ќе биде воведен ВАР системот за помош на судиите.

- Околу „Ел Класико“ секогаш има контроверзии. Вчера имаше дискусии за гол, за офсајд. Секогаш постои спор и секој ја штити својата екипа. Се надевам дека во новата сезона ќе има ВАР и ова ќе помогне. Тоа сигурно ќе го подобри фудбалот и ќе има помалку грешки, додаде Бартомеу.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 11:45